Урсула фон дер Лејен: ЕУ има за цел во 2022 година да произведе 3,5 милијарди дози вакцини

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Фон дер Лејен истакна дека Европската унија (ЕУ) има за цел во 2022 година да произведе 3,5 милијарди дози вакцини од кои поголемиот дел ќе бидат извезени

1726398
Урсула фон дер Лејен: ЕУ има за цел во 2022 година да произведе 3,5 милијарди дози вакцини

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен одржа состанок за претставниците на печатот во врска со приоритетните точки на дневниот ред за Европската унија (ЕУ) пред состанокот на земјите од групата Г-20 што ќе се одржи на 30-31 октомври во главниот град на Италија, Рим и 26. Конференција за климатски промени на Обединетите нации (ОН) што ќе започне на 31 октомври во шкотскиот град Глазгов.

Фон дер Лејен истакна дека Европската унија (ЕУ) има за цел во 2022 година да произведе 3,5 милијарди дози вакцини од кои поголемиот дел ќе бидат извезени.

Таа нагласи дека Европската унија (ЕУ) на овие состаноци ќе се фокусира на напорите за ставање крај на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), глобалното економско подобрување и климатските промени.

Велејќи „Ја зголемивме нашата желба за намалување на емисиите во тековните 10 години,“ претседателката на Европската комисија (ЕК), напомена дека глобалното затоплување напредува побрзо од очекуваното и дека од овој тренд може да се излезе со иновации.

„Како развиени земји, ако сакаме да бидеме успешни, мора да ги поддржуваме земјите во развој и најранливите земји. И тоа е состојба во врска со финансирањето на климата.“ - рече фон дер Лејен.

Таа појасни дека главната цел од аспект на глобалната епидемија е во однос на ветувањето на земјите од групата Г-20 за постигнување на целта за вакцинирање на 70 отсто од светското население, а воедно информира дека поголемиот дел од 3,5 милијарди дози вакцина коишто ќе се произведуваат во Европската унија (ЕУ) ќе бидат извезени во текот на наредната година.

„На африканскиот континент сакаме да ја однесеме РНА-технологијата. Постигнавме добар напредок со Сенегал, Руанда и Јужноафриканската Република. Сега ќе соработуваме со Гана, Египет, Мароко, и Кенија. “, додаде претседателката на Европската комисија. Целосно ја поддржуваме целта на африканските земји заклучно до 2024 година да станат понезависни во производството на вакцини со цел од 60 отсто.“ - рече Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.

 



Слични вести