Осуда од 12 европски земји на Израел за планот за изградба на нови 3.144 станови на Западниот Брег

Дванаесет европски земји, Шпанија, Германија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Норвешка, Полска, Шведска и Финска го осудија Израел поради одобрувањето на изградбата на 3.144 нови станови на окупираниот Западен Брег

1726395
Осуда од 12 европски земји на Израел за планот за изградба на нови 3.144 станови на Западниот Брег

Дванаесет европски земји ја осудија израелската администрација поради одобрувањето на изградбата на 3.144 нови станови во незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

Заедничко писмено соопштение во кое се осудува Израел пристигна од Шпанија, Германија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Норвешка, Полска, Шведска и Финска.

Во заедничкото соопштение од наведените 12 европски земји се истакнува следното: „Повикуваме да не се применува одлуката за реализирање на планот за изградба на околу 3.000 нови станови во населбите на Западниот Брег. Го повторуваме нашето одлучно противење на политиките со кои се прекршуваат меѓународното право, се поткопуваат напорите за постигнување на решение со две држави и се прошируваат населбите на окупираните палестински територии.“

Освен тоа, во соопштението се упатува повик до израелските и палестинските власти „да продолжат да ги продлабочуваат чекорите коишто се преземаат во последните месеци за развивање на соработката и намалување на тензиите и да ги применуваат сите одредби од резолуцијата број 2334 на Обединетите нации (ОН) за создавање на неопходните услови во рамките на  поттикнување на меѓусебната доверба и мирот.“

 



Слични вести