Во вооружен напад врз џамија во Нигерија загинаа 18 лица, а голем број се ранети

Вооружени лица качени на мотоцикли отворија оган врз насобраните луѓе за време на клањање на бајрам намаз (утринскиот намаз) во една џамија во провинцијата Нигер во Нигерија, при што во нападот животите ги загубија 18 лица, а голем број лица се ранети

1725179
Во вооружен напад врз џамија во Нигерија загинаа 18 лица, а голем број се ранети

Во вооружен напад на една џамија во провинцијата Нигер во Нигерија загинаа 18 лица, а голем број лица се ранети.

Според вестите објавени во националниот печат, вооружени лица качени на мотоцикли отворија оган врз насобраните луѓе за време на клањање на бајрам намаз (утринскиот намаз) во џамијата во областа Маза-Кука во провинцијата Нигер.

Притоа во нападот животите ги загубија 18 лица, а голем број лица се ранети.

Началникот на провинциската полиција на Нигер Мондеј Курјас истакна дека за време на нападот се киднапирани 7 лица и е причинета штета врз имотите.

Курјас рече дека во областа се испратени безбедносни сили од чија страна е неутрализиран еден од напаѓачите.

Инаку, поради нападите коишто се реализираат во Нигерија во последно време од страна на вооружени лица качени на мотоцикл во некои провинции во оваа западноафриканска држава е забрането да се користат мотоцикли.



Слични вести