Во Франција покрената истрага против свештеник

Матие Буре, обвинителот на Ремс истакна дека е покрената истрага против свештеникот „поради сексуален напад врз деца“

1725111
Во Франција покрената истрага против свештеник

Во Франција е покрената истрага против свештеник со образложение дека сексуално нападнал 2 деца.

Матие Буре, обвинителот на Ремс изјави дека на 21 октомври, две лица поднеле жалба преку е-пошта со образложение дека кон крајот на 1990-те, во нивното детство биле сексуално нападнати од ист свештеник.

Наведувајќи дека едно од овие лица пријавило дека во периодот 1996-1999 година, многу пати бил сексуално нападнат, обвинителот Бурет изјави дека барак да се земат изјавите на овие луѓе.

Врз база на овие случувања, Бурет истакна дека е покрената истрага против свештеникот „поради сексуален напад врз деца“.

Во извештајот објавен на 5 октомври, од Независната комисија за сексуална злоупотреба во црквите (ЦИАСЕ) беше наведено дека од 1950 година наваму, 216.000 деца биле сексуално злоупотребувани во црквите.

Додавајќи ги случаите на сексуална злоупотреба извршени од вработени во приватни училишта и институции поврзани со Католичката црква, оваа бројка достигна 330 илјади, а беше истакнато дека сексуалната злоупотреба во црквите е „систематски феномен“.

Претседателот на ЦИАСЕ, Жан-Марк Сове, во својата изјава истакна дека Католичката црква не ги преземала неопходните мерки против инцидентите на сексуална злоупотреба и ја повика оваа институција да преземе одговорност.



Слични вести