Реакции од светот против обидот на армијата за пуч врз преодната Влада во Судан

По обидот за пуч во североисточноафриканската држава Судан пристигнаа реакции од светот против случувањата во оваа земја

1725356
Реакции од светот против обидот на армијата за пуч врз преодната Влада во Судан

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека се загрижени поради обидот за пуч против преодната влада во Судан.

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Џон Кирби, во дадената изјава на одржаниот дневен состанок за печатот го истакна следното: „Овие видови чекори се во спротивност со стремежите на суданскиот народ за демократија, тие се против прогласувањето на уставот и Кубанскиот договор. Ја повикуваме армијата безусловно да ги ослободи сите приведени цивили и да обезбеди да се вратат на нивните должности, за продолжување на процесот на транзиција предводен од цивилите и за продолжување на постигнатиот напредок за одржување на избори.“

Портпаролот рече дека САД исто така ја повикаа суданската армија да му дозволи на суданскиот народ да одржува мирољубиви протести.

Портпаролот на египетското претседателство Бесам Ради соопшти дека се водат разговори на највисоко ниво во однос на случувањата во Судан.

Ради рече: „Египет нема да се воздржи да го направи она што е неопходно за воспоставување на стабилноста во Судан и за интересите на народот.“

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Јордан и Либија ги повикаа страните во Судан „да не ја зголемуваат тензијата“, додека освен од Саудиска Арабија, Алжир и Катар повик до страните во Судан за „воздржаност и дијалог“ пристигна и од невладината организација во Тунис, Арапскиот совет.

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги  дочекува со загриженост вестите коишто пристигнуваат во врска со обидот за пуч во Судан.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Суданците сами треба да ги решат внатрешните прашања во земјата.

Според соопштението на профилот на суданското Министерство за информирање на социјалната межа Фејсбук, одлуката за распуштање на цивилната Влада во Судан ја осудија и амбасадорите на Франција, Белгија и Швајцарија во Картум.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Велика Британија се истанува дека Велика Британија, САД и Норвешка објавија тројно соопштение во врска со случувањата во Судан.

Во соопштението се вели следното: „(Трите земји) Се длабоко загрижени за ситуацијата во Судан и го осудуваат суспендирањето на државните институции и прогласувањето на вонредна состојба. Ги осудуваат и воените сили кои го приведоа премиерот Абдала Хамдук и другите членови на цивилното лидерство.“

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) денеска ќе се состане за да го разгледа прашањето со пучот во Судан.

 



Слични вести