На протестите против пучот во Судан загинаа 7 лица, а 140 лица се повредени

Бројот на лицата кои ги загубија животите за време на интервенцијата на безбедносните сили на протестите ширум земјата се зголеми на 7, а 140 лица се повредени

1725075
На протестите против пучот во Судан загинаа 7 лица, а 140 лица се повредени

За време на протестите коишто започнаа во Судан по воената раздвиженост што се појави во оваа североисточноафриканска држава, животите ги загубија 7 лица, а 140 лица.

Откако вчера наутро беа приведени премиерот на преодната влада Абдала Хамдук и други владини функционери меѓу кои најмалку и четворица министри, народот излезе на улиците и протестираше против обидот за пуч.

Притоа суданските воени сили за задушување на протестите употребија непропорционална сила.

Бројот на лицата кои ги загубија животите за време на интервенцијата на безбедносните сили на протестите ширум земјата се зголеми на 7, а 140 лица се повредени.

Генерал Абдулфетах ал-Бурхан кој се наоѓа на чело на армијата, ослонувајќи се на овластувањата коишто му се дадени со законите „за ставање крај на атмосферата на хаос и криза“, прогласи вонредна состојба во земјата.

 



Слични вести