Египет ја укина вонредната состојба која траеше цели 4 години

Египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси соопшти дека ја укинува вонредната состојба во земјата која се применува од април 2017 година досега во текот на цели 4 години

1725238
Египет ја укина вонредната состојба која траеше цели 4 години

Египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси донесе одлука да се укине вондредната состојба во земјата којашто се применува подолго од 4 години.

Ес-Сиси во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук во врска со укинувањето на вонредната состојба го истакна следното: „По неколку години за прв пат одлучив да се укине вонредната состојба во целата земја. Чувствувам задоволство од тоа што заедно го споделуваме овој момент за којшто се бориме долго време. Египет, благодарение на неговиот лојален народ стана оаза на безбедноста и стабилноста во регионот.“

Вонредната состојба во Египет која 4 години како се применува за последен пат беше продолжена на 12 јули по 17 пат во траење од 3 месеци.

Во април 2017 година беа реализирани бомбашки напади во градовите Александрија и Танта во Египет во кои животите ги загубија 24 лица, а 125 лица беа ранети. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Потоа по овие напади египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси соопшти дека е прогласена вонредна состојба во траење од 3 месеци.



Слични вести