Американскиот претседател Бајден се состана со патријархот Бартоломеј во Белата куќа

Патријархот на грчката патријаршија Фенер во Истанбул Бартоломе по остварената средба во Белата куќа истакна дека со американскиот претседател Џо Бајден оствариле крајно позитивна средба

1725183
Американскиот претседател Бајден се состана со патријархот Бартоломеј во Белата куќа

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден во Белата куќа се состана со патријархот на грчката патријаршија Фенер во Истанбул Бартоломеј и делегацијата во негова придружба.

Патријархот Бартоломеј, по средбата која беше затворена за медиумите истакна дека со Бајден оствариле крајно позитивна средба и го рече следното: „Ми причинува задоволство да објавам дека со папата Франциско, архиепископијата на британската црква, муслиманските и еврејските верски лидери,покренавме иницијатива да обезбедиме да се вакцинираат сите ширум светот. Господинот претседател Бајден, исто така со големо задоволство ја дочека иницијативата.“

Патријархот на грчката патријаршија Фенер во Истанбул Бартоломеј кој по 2009 година за прв пат престојува во посета на Соединетите Американски Држави (САД) во рамките на своите официјални средби и разговори во Вашингтон имаше средба и со американскиот државен секретар Антони Блинкен.



Слични вести