Во судирите во Јемен загинаа 814 лица

Според официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија (СПА), коалиционите сили во последните 72 часа реализираа 88 операции во областите ел-Кесара и ел-Џевбе, западно од провинцијата Мариб

1724364
Во судирите во Јемен загинаа 814 лица

Поради судирите помеѓу владините и коалиционите сили и Хусите поддржани од Иран, како и воздушните напади во Јемен животите ги загубија 814 лица.

Според официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија (СПА), коалиционите сили во последните 72 часа реализираа 88 операции во областите ел-Кесара и ел-Шебве, западно од провинцијата Мариб.

Како што е соопштено, во операциите се неутрализирани повеќе од 264 припадници на милициските сили на Хусите и се уништени 36 воени возила.

Воениот портпарол на Хусите Јахја ес-Сери во дадената изјава на одржаниот состанок за претставниците на печатот истакна дека припадниците на милициските сили на Хусите убиле 550 лица, 1.200 лица раниле и 90 лица зеле во заложништво.

Тој рече: „За време на операцијата 'Пролетна победа' во провинциите Шебве и Мариб е ослободена територија од вкупно 3.200 квадратни километри.“

Инаку, Хусите во Јемен поддржани од Иран, од септември 2014 година ги држат под контрола главниот град Сана и некои други области во земјата. Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија пак, од март 2015 година ја поддржуваат јеменската Влада против Хусите.

Во вооружените судири во Јемен кои траат веќе 7 години, животите ги загубија 233 илјади лица.

Хуманитарната криза која почна да расте поради граѓанската војна во Јемен, кој се наоѓа меѓу најсиромашните земји во светот, достигна до страотни димензии.

Според Обединетите нации (ОН), во Јемен кој има приближно 30 милиони жители, повеќе од 22 милиони луѓе имаат потреба од помош и заштита.

 



Слични вести