Суданските воени сили ги приведоа премиерот и лидерите на коалиционите партнери на Владата

Суданските политички партии по обидот за пуч повикаа на граѓанска непослушност, додека Суданската професионална асоцијација (SPA) го повика народот да излезе на улица

1724274
Суданските воени сили ги приведоа премиерот и лидерите на коалиционите партнери на Владата

Група војници во североисточноафриканската држава Судан денеска, рано наутро, ги приведоа премиерот Абдула Хамдук и лидерите на партиите коалициони партнери на Владата во оваа земја.

По ваквиот развој, во некои делови во главниот град Картум започнаа протести.

Како што се истакнува протестирачите запалиле гуми на некои патишта и ги затвориле патиштата за сообраќај.

Суданското Министерство за информирање пак, ја сподели информацијата дека од страна на воените сили биле уапсени некои од членовите на Советот за суверенитет, како и некои министри на преодната Влада.

Суданските политички партии по обидот за пуч повикаа на граѓанска непослушност, додека Суданската професионална асоцијација (SPA) го повика народот да излезе на улица.

По воената раздвиженост, во Судан се доживуваат прекини во интернетот и телефонските линии.

 



Слични вести