Реакции од ЕУ, Германија и Арапската лига по обидот за пуч во Судан

По обидот за пуч во североисточноафриканската држава Судан почнаа да пристигнуваат и првите реакции од светот

1724556
Реакции од ЕУ, Германија и Арапската лига по обидот за пуч во Судан

Европската унија (ЕУ) соопшти дека со голема загриженост ги следи настаните во Судан, додека Германија упати повик за запирање на обидот за пуч во оваа североисточноафриканска држава.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ги следиме со голема загриженост настаните во Судан коишто се во тек. ЕУ ги повикува сите засегнати страни и регионални партнери повторно да го вратат на колосек процесот на транзиција.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас исто така во објавеното писмено соопштение ја изнесе следната проценка: „Вестите во однос на тоа дека е извршен уште еден обид за пуч во Судан е ужасна и овој обид треба јасно да се осуди. Ги повикувам сите одговорни за безбедноста и државниот поредок во Судан кон демократија, да продолжат со процесот на мирна политичка транзиција и да ја почитуваат волјата на народот.“

Мас ја сподели пораката „Веднаш треба да се запре овој обид за пуч“ и упати повик за мирољубив дијалог и крај на диктатурата.

Арапската лига, исто така во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Се бара од сите страни во Судан целосно да се придружуваат кон Уставната декларација потпишана во 2019 година и Кубанскиот мировен договор потпишан во 2020 година.“

Во соопштението се наведува дека како што изјави и генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Ебу Гејт значајно е да се почитуваат сите одлуки и договори за кои е постигнат договор во врска со периодот на транзиција и кои ќе обезбедат да се одржат избори.

Инаку, група војници во Судан денеска рано наутро ги приведоа премиерот Абдула Хамдук и лидерите на партиите коалициони партнери на Владата во оваа земја.

По ваквиот развој на настаните беше истакнато дека започна протести во главниот град Картум и дека протестирачите запалија гуми на некои патишта и ги затворија патиштата за сообраќај.

Суданските политички партии исто така повикаа на граѓанска непослушност, додека Суданската професионална асоцијација (SPA) го повика народот да излезе на улица.

 



Слични вести