Израелските сили во последните три месеци приведоа 1.282 Палестинци

Израелските сили во реализираните операции на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) во последните три месеци приведоа 1.282 Палестинци

1724168
Израелските сили во последните три месеци приведоа 1.282 Палестинци

Израелските сили во реализираните операции на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) во последните три месеци приведоа 1.282 Палестинци.

Во извештајот подготвен заеднички од страна на Делегацијата на палестинските затвореници при Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Заедницата на палестинските затвореници, Институцијата за заштита на заробениците „Замир“ и Информативниот центар „Вади Хилве“, се вклучени податоци за операциите на израелските сили на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) во последните три месеци.

Во извештајот се истакнува дека 525 од 1.282 лица кои се приведени од страна на израелските сили во последните три месеци се од Источен Ерусалим (Кудс).

Се привлекува внимение дека 160 од приведените лица се под 18 години и се нагласува дека меѓу приведените се наоѓаат и 37 жени.

Според извештајот, бројот на палестински затвореници во израелските затвори е зголемен на приближно 4.600 лица од кои 500 се наоѓаат во затвор како „административни затвореници“.

Израел со применувањето наречено „административен притвор“ согласно добиените разузнавачки информации, може да ги држи во притвор Палестинците во времетраење од 1 до 6 месеци.

Доколку се одлучи дека приведениот „претставува закана за безбедноста на Израел“ воениот судија без изнесување и на одредено обвинение за сторено кривично дело, времетраењето на притворот може да го продолжи дури и до 5 години.



Слични вести