ЕУ: Очекуваме објаснување од Израел во врска со шесте палестински невладини организации

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека очекуваат објаснување од Израел во врска со шесте палестински невладини организации кои се внесени во списокот на „терористички организации“

1724759
ЕУ: Очекуваме објаснување од Израел во врска со шесте палестински невладини организации

Европската унија (ЕУ) соопшти дека се во контакт со израелските власти и дека очекуваат од Израел објаснување во врска со внесувањето на 6 палестински невладини организации на списокот на терористички организации.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаниот дневен состанок за печатот истакна дека две од шесте организации за човекови права кои се категоризрани како „терористички“ добиваат финансиска помош од фондовите на ЕУ.

Велејќи дека сериозно се испитуваат обвинувањата коишто се изнесуваат во врска со наведените невладини организации, Стано рече: „Воедно сме во контакт и со израелските власти за разјаснување на прашањето.“

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано нагласи дека финансиската помош од фондовите на Европската унија (ЕУ) е значаен елеметн за решението со две држави во израелско-палестинското прашање и за поддршката на Палестинците.

Тој воедно подвлече дека работата на граѓанското општество во Палестина е од голема важност и дека одигрува значајна улога во промовирање на владеењето на правото, демократијата и човековите права.

Инаку, израелската Влада на 23 октомври соопшти дека се внесени во списокот на „терористички организации“ 6 организации за човекови права за кои тврди дека се поврзани со Палестинската ослободителна организација (ПЛО).

На оваа одлука на Израел пристигнаа реакции од Обединетите нации (ОН) и од голем број меѓународни организации и земји во светот меѓу кои се наоѓаат и САД.



Слични вести