Група фанатизирани Евреи во придружба на израелската полиција упаднаа во дворот на Месџид-и Акса

Во објавеното писмено соопштение од страна на Управата на исламските вакафи на Ерусалим (Кудс) се истакнува дека 148 фанатизирани Евреи извршиле упад во Харем-и Шариф од портата Ал-Мегарибе (Мароканци) во југозападниот дел на Месџид-и Акса

1724463
Група фанатизирани Евреи во придружба на израелската полиција упаднаа во дворот на Месџид-и Акса

Група од стотина фанатизирани Евреи придружувани и од израелската полиција упаднаа во дворот на Месџид-и Акса во делот од Стариот град на окупираниот Источен Ерусалим.

Според палестинската официјална новинска агенција „ВАФА“, во објавеното писмено соопштение од страна на Управата на исламските вакафи на Ерусалим (Кудс) се истакнува дека 148 фанатизирани Евреи извршиле упад во Харем-и Шариф од портата Ал-Мегарибе (Мароканци) во југозападниот дел на Месџид-и Акса.

Како што се наведува групата Евреи под заштита на израелската полиција, извесно време шетале по дворот на Харем-и Шериф, а потоа излегле од портата Силсиле на Месџид-и Акса.



Слични вести