Американскиот претседател Бајден разговараше телефонски со францускиот претседател Макрон

Белата куќа соопшти дека Бајден и Макрон во телефонскиот разговор ги преразгледаа работите на двете страни коишто продолжуваат за поддршка на регионалната стабилност и безбедноста во Сахел и за развивање на соработката во индиско-пацифичкиот регион

1723823
Американскиот претседател Бајден разговараше телефонски со францускиот претседател Макрон

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор посветен на билатералните односи и регионални прашања.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Белата куќа се истакнува дека претседателот Џо Бајден разговараше телефонски со Емануел Макрон и дека двајцата претседатели во разговорот ги преразгледаа работите на двете страни коишто продолжуваат за поддршка на регионалната стабилност и безбедноста во Сахел и за развивање на соработката во индиско-пацифичкиот регион.

Белата куќа информира дека двајцата претседатели дискутираа и за напорите додека се обезбедува комплементарноста со НАТО да се воспостави посилна и поспособна европска одбрана.

Освен тоа, Белата куќа соопшти дека претседателот Бајден со нетрпение ја очекува средбата што ќе ја оствари со Макрон на крајот на овој месец во главниот град на Италија, Рим, кадешто ќе продолжат да разговараат, ќе направат проценка на бројни сфери во американско-француската соработка и преземајќи ги заеднно тешкотиите (предизвиците) и можностите ќе ги зајакнат заедничките интереси и вредности.

Белата куќа истакна дека во остварениот телефонски разговор Бајден потцрта дека посетата на потпретседателката на САД Камала Харис на главниот град на Франција, Париз, во ноември, претставува значајна можност за уште повеќе развивање на соработката помеѓу САД и Франција, во период на серија глобални предизвици.



Слични вести