Во пожар во фабрика во Рјазанската област во Русија животите ги загубија 12 лица

Како што се истакнува за време на пожарот во фабриката се наоѓале 17 лица, додека продолжуваат работите за потрага по 4 лица кои се водат како исчезнати

1723556
Во пожар во фабрика во Рјазанската област во Русија животите ги загубија 12 лица

Во пожарот што избувна во една фабрика во Рјазанската област во Русија животите ги загубија 12 лица, едно лице е повредено, а 4 лица се водат како исчезнати.

Во работилницата за барут во една фабрика за производство на хемиски материјали во Рјазанската област во југоисточниот дел на главниот град на Русија, Москва, најпрвин дојде до експлозија, а потоа избувна пожар во кој според првични добиени информации животите ги загубија 12 лица, а едно лице е повредено.

Како што се истакнува за време на пожарот во фабриката се наоѓале 17 лица, додека продолжуваат работите за потрага по 4 лица кои се водат како исчезнати.

Започната е истрага во врска со причината за појава на пожарот.

 

 



Слични вести