Во војната за ослободување на Карабах загинаа 2.908 азербејџански војници

Министерството за одбрана на Азербејџан ги ажурира податоците во врска со загинатите војници во војната во Карабах и соопшти дека бројот на загинатите азербејџански војници шехиди изнесува 2.908, а 6 војници се водат како исчезнати

1723225
Во војната за ослободување на Карабах загинаа 2.908 азербејџански војници

Азербејџанската армија во реализираната операција за ослободување од окупација на териториите во Карабах изгуби свои 2.908 војници.

Министерството за одбрана на Азербејџан ги ажурира податоците во врска со изгубените војници шехиди (загинатите војници) во војната којашто започна на 27 септември 2020 година и заврши на 10 ноември откако Ерменија го призна поразот и беше потпишан договор за примирје.

Според податоците на министерството, во војната станаа шехиди (загинаа) 2.908 војници, а 6 војници се водат како исчезнати.

Во операцијата за која станува збор беа ослободени од  окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села, по што  Ерменија го призна поразот и го потпиша договорот со кој вети дека ќе се повлече и од окупираните градови Агдам, Лачин и Келбеџер.

Ерменската армија на 20 ноември 2020 година се повлече од Агдам, на 25 ноември од Келбеџер и на 1 декември од Лачин. 

Во војната освен 2.908 загинати (шехиди) азербејџански војници, во реализираните напади од страна на Ерменија загинаа и 94 азербејџански цивили.



Слични вести