Состанок на делегациите на Турција, Русија и Иран посветен на Сирија во канцеларијата на ОН во Женева

На разговорите делегацијата на Турција ја предводи генералниот директор за Сирија при Министерството за надворешни работи амбасадорот Селчук Унал

1723237
Состанок на делегациите на Турција, Русија и Иран посветен на Сирија во канцеларијата на ОН во Женева

Во привременото претставништво на Русија во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во швајцарскиот град Женева започна состанокот на делегациите на Турција, Русија и Иран, трите земји гарантори од процесот од Астана посветен на Сирија. 

На разговорите делегацијата на Турција ја предводи генералниот директор за Сирија при Министерството за надворешни работи амбасадорот Селчук Унал, делегацијата на Русија е предводена од специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александар Лаврентиев, а делегацијата на Иран од заменик иранскиот министер за надворшени работи Али Асгар Хаџи.

Како што е дознаено, главниот дневен ред на разговорите е шестата рунда од разговорите на Уставниот комитет за Сирија што се одржува во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева.

Инаку, шестата рунда од разговорите на Уставниот комитет за Сирија започна на 18 октовмри под претседателство на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир Педерсен.



Слични вести