Бројот на загинатите во поплавите во Индија и Непал се зголеми на 161 лице

Продолжува да расте бројот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд во Индија и Непал

1723096
Бројот на загинатите во поплавите во Индија и Непал се зголеми на 161 лице

Во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд коишто продолжуваат во Индија и Непал, животите ги загубија 161 лице.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи на Непал се истакнува дека денеска животите ги загубија уште 11 лица со што бројот на лицата кои загинаа поради поплавите и свлечилиштата во различни делови на земјата се зголеми на 88.

Одделот за управување со катастрофи во елементарни непогоди во земјата соопшти дека повеќето од смртните случаи се предизвикани од лизгање на земјиштето и дека исто така се уште не можат да се добијат вести и од 30 лица.

Во сојузната држава Керала на југот на Индија исто така со пронаоѓањето на мртвите тела на уште две лица бројот на загинатите во силните врнежи од дожд и лизгањата на земјиштето се зголеми на 27.

Во сојузната држава Утараканд пак, животите ги загубија 46 лица.

На тој начин, бројот на загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето во овие две сојузни држави изнесува 73 лица.

И во двете индиски сојузни држави, поради поплавите и свлечилиштата се потопени под вода патиштата и мостовите, а во голем број куќи е причинета материјална штета.

 



Слични вести