Утре во Брисел се состануваат лидерите на земјите членки на ЕУ

Лидерскиот самит на ЕУ кој ќе се одржи во Брисел со учество на шефовите на држави или влади на 27 земји членки, ќе трае два дена

1722641
Утре во Брисел се состануваат лидерите на земјите членки на ЕУ

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) утре ќе се состанат во Брисел, главниот град на Белгија, за разгледување на наслови со кои ќе бидат опфатени теми како што се епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), порастот на цените на енергијата, трговијата, владеењето на правото, климата и миграцијата.

Лидерскиот самит на ЕУ кој ќе се одржи во Брисел со учество на шефовите на држави или влади на 27 земји членки, ќе трае два дена.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, исто така, ќе присуствува на состанокот со кој ќе претседателствува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Лидерите, на првата седница ќе разговараат за порастот на цените на енергијата и ќе направат проценка на актуелната епидемиолошка состојба во пандемијата на Ковид-19.

Последната тема на дневниот ред на првиот ден на самитот на барање на некои земји на Европската унија (ЕУ) ќе биде владеењето на правото.

Лидерите, на вечерата ќе направат проценка на стратегијата за трговија.

Друга точка на агендата на масата на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) ќе биде борбата против климатските промени.

Вториот ден од самитот ќе започне со прашањето на миграцијата и особено од финансиски аспект.

Последното прашање на дневнот ред на лидерите ќе биде дигиталната трансформација и чекорите што ќе бидат преземени на ова поле.

Во меѓувреме, состанокот на 21 и 22 октомври е од посебно значење и по тоа што веројатно ќе биде и последниот Самит на лидерите на ЕУ на кој ќе присуствува германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел во текот на 16 години колку што беше на власт присуствуваше на 107 Самити на лидерите на ЕУ.

 

 



Слични вести