Состанок на министрите за одбрана на НАТО на 21 и 22 октомври во Брисел

Дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО на кој Турција ќе ја претставува министерот за национална одбрана Хулуси Акар, ќе се одржи на 21 и 22 октомври, утре и задутре (четврток и петок) во Штабот во главниот град на Белгија, Брисел

1722503
Состанок на министрите за одбрана на НАТО на 21 и 22 октомври во Брисел

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на 21 и 22 октомври, утре и задутре (четврток и петок) ќе се состанат во Штабот на Алијансата во главниот град на Белгија, Брисел, за разгледување на актуелните точки на дневниот ред како што се ситуацијата во Авганистан и односите со Русија, Кина и НАТО-Европската унија (ЕУ).

Дводневниот министерски состанок на НАТО на кој Турција ќе ја претставува министерот за национална одбрана Хулуси Акар, ќе започне утре на 21 октомври, во четврток попладне.

Средбата е значајна од аспект на тоа што е прва средба на ниво на министри за одбрана на НАТО по Самитот на НАТО во јуни и повлекувањето на Сојузот од Авганистан летово.

Во рамките на насловот посветен на Авганистан, ќе се разговара за најновата ситуација по повлекувањето на НАТО од регионот, што би можело да се направи за да се спречи губењето на стекнатите придобивки во Авганистан и борбата против тероризмот.

На состанокот ќе се разговара и за ситуацијата по одземањето на акредитацијата на 8 лица од руската делегација на задача во НАТО од страна на НАТО и потоа по одлуката на Русија како одговор на тоа да ги прекине активностите на мисиите на НАТО во Москва.

На масата на министрите за одбрана на НАТО ќе биде поставено и прашањето посветено на „Подемот на Кина“ кое во последниот период се нагласува често од страна на НАТО и кое зазема значајно место и во декларацијата на Самитот на НАТО што се одржа во јуни.

На вториот ден од состанокот (на 22 октомври, во петок) се очекува на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО да им се приклучи и високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

 



Слични вести