Два руски воени авиони пресретнаа два американски авиони кои летаа над Црното Море

Два руски воени авиони со образложение дека се доближиле до границите на Русија пресретнаа и оддалечија два американски авиони кои летаа над Црното Море

1722596
Два руски воени авиони пресретнаа два американски авиони кои летаа над Црното Море

Воени авиони на Русија ги пресретнаа и оддалечија авионите на Соединетите Американски Држави (САД) кои летале над Црното Море, а со образложение дека се доближиле до нејзините граници.

Според објавеното соопштение од руското Министерство за надворешни работи, два стратешки авиони бомбардери и два авиони танкери КЦ-135 во сопственост на Соединетите Американски Држави (САД)  кои летале над Црното Море биле следени од страна на руските радари.

Со образложение дека се доближиле до руските граници, два руски воени авиони од типот Су-30 полетаа од своите бази.

Руските авиони следејќи ги авионите на САД ги пресретнаа и оддалечија.

Во соопштението се наведува дека руските авиони откако ги оддалечиле амриканските авиони се вратиле во своите бази и се нагласува дека оваа интервенција била реализирана со строго придржување кон меѓународните правила.



Слични вести