Реиси: „САД треба да ги укинат санкциите за да ја покажат својата сериозност“

Преговорите треба да имаат резултат за Иран

1721659
Реиси: „САД треба да ги укинат санкциите за да ја покажат својата сериозност“

Иранскиот претседател Ибрахим Реиси рече дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да ги укинат санкциите за да ја покажат својата сериозност во преговорите за нуклеарниот договор.

Во специјалната емисија на иранската државна телевизија, Ибрахим Реиси даде интервју за преговорите и санкциите за нуклеарниот договор.

Реиси рече дека сакаат да ја видат сериозноста на САД за време на нивната средба на 14 октомври со Енрике Мора, заменик генерален секретар и политички директор на Службата за надворешни односи на Европската унија (ЕУ) и иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Али Бакири, потенцирајќи  дека и самиот ќе присуствува на разговорите во Виена.

Истакнувајќи дека нема да ја врзат иранската економија за нуклеарен договор, Реиси рече: „Преговорите треба да имаат резултат за Иран. Другата страна може да ја покаже својата сериозност со укинување на санкциите. Министерството за надворешни работи го следи ова прашање. Ние сме сериозни, другата страна исто така треба да биде сериозна“.

Наведувајќи дека тие ја поставиле основата за регионалната економија со тоа што станале членка на Шангајската организација за соработка (ШОС), Реиси рече дека Министерството за надворешни работи е официјално одговорно за ова и дека документите што треба да се потпишат бараат време.



Слични вести