Мадуро: „САД се виновни за прекинот на прекинот на преговорите за дијалог со опозицијата“

Наведувајќи дека наредил прекин на 4-та рунда разговори што се очекуваше да се одржат со опозицијата, Мадуро како причина за ова ја наведе испораката на Сааб во САД

1721001
Мадуро: „САД се виновни за прекинот на прекинот на преговорите за дијалог со опозицијата“

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро рече дека Соединетите Американски Држави (САД) се одговорни за прекинот на преговорите со опозицијата кои се во тек.

Во изјавата за државната телевизија ВТВ, Мадуро потврди дека се повлекле од разговорите за дијалог со опозицијата кои траат од 13 август, наведувајќи дека на разговорите им бил нанесен „смртоносен бодеж“ од страна на САД.

Мадуро, бранејќи го Алекс Сааб, венецуелскиот дипломат кој вчера од страна на западноафриканската држава Кабо Верде, беше предаден на Соединетите Американски Држави, рече: „САД знаеја дека со киднапирањето на Алекс Сааб, член на мексиканската комисија за дијалог, нанесоа фатален удар на преговорите во Мексико. САД свесни за тоа, ја презедоа акцијата. Тие не сакаат дијалог, не сакаат мир за Венецуела“.

Наведувајќи дека наредил прекин на 4-та рунда разговори што се очекуваше да се одржат со опозицијата, Мадуро како причина за ова ја наведе испораката на Сааб во САД.

Од друга страна, претставниците на опозицијата во денешното соопштение побараа владата да се врати на масата за дијалог.

Сааб, на барање на Соединетите Амењрикански Држави, на 12 јуни 2020 година, поради случај на перење пари, беше приведен во Кабо Верде. Во тогашното соопштение на властите на Венецуела, беше наведено дека Сааб имаше дипломатски имунитет и го обвини Кабо Верде за кршење на Виенската конвенција.

Вчера, Сааб од страна на властите на Кабо Верде беше предаден на Соединетите држави.



Слични вести