ОН го осудија бомбашкиот напад врз џамијата во Кандахар во Авганистан

Портпаролката на претседателството на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) Моника Гроели истакна дека претседателот на Генералното Собрание Абдула Шахид жестоко го осудува нападот во кој загинаа десетици лица

1720559
ОН го осудија бомбашкиот напад врз џамијата во Кандахар во Авганистан

Обединетите нации (ОН) го осудија вчерашниот реализиран бомбашки напад врз една џамија во провинцијата Кандахар во Авганистан, во кој загинаа 47 лица, а голем број беа ранети.

Портпаролката на претседателството на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) Моника Гроели истакна дека претседателот на Генералното Собрание Абдула Шахид жестоко го осудува нападот во кој загинаа десетици лица.

Горели информира дека Шахид го изразил своето сочувство до блиските на загинатите во нападот и им посакал побрзо оздравување на ранетите.

Во нападот кој беше реализиран од страна на двајца самоубиствени бомбаши за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) врз џамијата Фатимије во провинцијата Кандахар, во Авганистан, животите ги загубија 47 лица.

 



Слични вести