Бројот на загинатите во нападот врз џамијата во Кандахар, во Авганистан се зголеми на 47 лица

Бројот на загинатите во нападот кој беше реализиран вчера од страна на двајца самоубиствени бомбаши врз џамијата Фатимије во провинцијата Кандахар, во Авганистан, се зголеми на 47 лица

1720539
Бројот на загинатите во нападот врз џамијата во Кандахар, во Авганистан се зголеми на 47 лица

Бројот на загинатите во нападот кој беше реализиран вчера од страна на двајца самоубиствени бомбаши врз џамијата Фатимије во провинцијата Кандахар, во Авганистан, се зголеми на 47 лица.

Според добиени информации од Муртаза Зарифи, одговорен за безбедноста на џамијата, за време на клањање на џума намза (петочната молитва) беше извршен бомбашки напад врз најголемата џамија која се наоѓа во центарот на провинцијата.

Локални функционери информираа дека бројот на загинатите во нападот се зголеми на 47 лица, а голем број лица се ранети.

Во меѓувреме, терористичката организација ДЕАШ соопшти дека ја презема одговорноста за извршениот терористички напад врз џамијата Фатимије.

Во објавеното соопштение преку каналите на социјалните медиуми на терористичката организација ДЕАШ се истакнува дека нападот е реализиран од страна на двајца самоубиствени бомбашки напаѓачи и се објавени имињата на овие два лица.



Слични вести