НАСА: „Меѓународната вселенска станица го загуби правецот“

Центарот соопшти дека ова се случило за време на тестирањето на системот за контрола на движење „Сојуз МС-18“

1720605
НАСА: „Меѓународната вселенска станица го загуби правецот“

Американската национална аронаутичко-вселенска управа (НАСА) соопшти дека Меѓународната вселенска станица (МВС/ИСС) за време тестирањето на моторите на вселенското летало „Сојуз МС-18“, кое ќе оствареше летот на астронаутите, станицата го загуби својот правец во вселената.

Космонаутот Антон Шкаплеров во изјава во регионалниот центар за контрола на мисијата во Москва рече: „Во врска со губењето насока, добивме итна порака од нашите колеги од американската дивизија на МВС“.

Центарот соопшти дека ова се случило за време на тестирањето на системот за контрола на движење „Сојуз МС-18“.

Сојуз МС-18 го носи екипажот за снимање во вселената.

Дел од снимањето на филмот, кој ќе го прикаже „првиот долгометражен драмски филм снимен во вселената“ во историјата на кинематографијата, ќе биде снимен во МВС. Тимот во МВС ќе остане 12 дена.

Филмската екипа, на 17 октомври треба да се врати на Земјата со  вселенскиот брод „Сојуз МС-18“, предводен од космонаутот Олег Новискиј.



Слични вести