Бомбашки напад врз џамија во Кандахар во Авганистан: Има голем број загинати и ранети

Според првични добиени информации, во реализираниот бомбашки напад врз шиитска џамија во провинцијата Кандахар во Авганистан загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 200 лица се ранети

1720220
Бомбашки напад врз џамија во Кандахар во Авганистан: Има голем број загинати и ранети

Во реализиран бомбашки напад од страна на двајца самоубиствени напаѓачи врз џамијата Фатимије на шиитската заедница во провинцијата Кандахар, која е позната како тврдина на Талибан, во јужниот дел на Авганистан, според првични добиени информации загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 200 лица се ранети.

Според добиени информации од Муртаза Зарифи, одговорен за безбедноста на џамијата, за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во џамијата која се наоѓа во центарот на провинцијата е реалиизран бомбашки напад.

Според првични добиени информации, во нападот животите ги загубија најмалку 30 лица, а повеќе од 200 лица се ранети.

Талибанските сили ги затворија сите патишта коишто водат до џамијата врз која беше извршен бомбашкиот напад.

Минатата недела беше реализиран бомбашки напад врз една џамија исто така на шиитите која се наоѓа во провинцијата Кундуз во северниот дел на земјата, при што и во овој напад загинаа 46 лица.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

 



Слични вести