Распуштен парламентот во Јапонија

На 21 октомври истече четиригодишниот официјален мандат на пратениците на Шуугиин

1719683
Распуштен парламентот во Јапонија

 

 

Како дел од редовните општи избори што треба да се одржат на крајот на месецот во Јапонија, Претставничкиот дом (Шуугиин) беше распуштен.

Премиерот Кишида Фумио одлучи да го распушти Шуугиин во рамките на обичните парламентарни избори.

Според агенцијата Кјодо, периодот на кампањата ќе започне на 19 октомври,  а изборите во земјата ќе се одржат на 31 октомври, недела.

На 21 октомври истече четиригодишниот официјален мандат на пратениците на Шуугиин. Со оваа одлука, парламентот беше распуштен една недела порано.

Кишида беше избран за премиер и на 4 октомври во Шуугиин, го формираше својот кабинет, во кој доминираат владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) и нејзиниот партнер Комеито.

Според претпоставките, поради  краткото време помеѓу распуштањето на парламентот и редовните општи избори на 31 октомври, периодот на кампањата ќе биде тежок.



Слични вести