САД го осудија нападот врз турските полицајци во Сирија

САД изразија сочувство за смртта на двајцата турски полицајци

1718783
САД го осудија нападот врз турските полицајци во Сирија

 

Соединетите Американски Држави (САД) изразија сочувство до семејствата на двајцата турски полицајци убиени во Сирија и го осудија нападот.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, на дневниот брифинг со новинарите, ги оцени нападите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК врз Турција.

Без да го спомене името на ЈПГ/ПКК, Прајс рече: „Ги осудуваме прекуграничните напади врз нашиот сојузник во НАТО, Турција. Исто така, изразуваме сочувство до семејствата на двајцата турски полицајци убиени во Сирија.

Важно е сите страни да се придржуваат кон зоните за прекин на огнот да работат за политичко решение за зајакнување на стабилноста во Сирија.

Турција е наш важен сојузник во НАТО и имаме заеднички интереси во многу области, од борбата против тероризмот до завршување на конфликтот во Сирија. Ќе продолжиме да бидеме во тесна консултација со Анкара за политиката во Сирија “, рече тој.



Слични вести