Меркел: “Економскиот колапс во Авганистан треба да се спречи со меѓународна помош“

Посочувајќи дека колапсот на финансискиот систем во Авганистан нема да има корист за никого, Меркел рече: „Тогаш, не ќе може да се обезбеди ниту хуманитарна помош“.

1719022
Меркел: “Економскиот колапс во Авганистан треба да се спречи со меѓународна помош“

 

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека економскиот колапс во Авганистан треба да се спречи со меѓународна помош.

Ангела Меркел, на прес-конференцијата што ја одржа по вонредниот самит на лидерите на Г-20 за Авганистан, рече: „Цел на меѓународната заедница не може и не треба да биде да гледа како 40 милиони луѓе ќе паднат во хаос во Авганистан, бидејќи нема ниту струја, ниту финансиски систем“.

Посочувајќи дека колапсот на финансискиот систем во Авганистан нема да има корист за никого, Меркел рече: „Тогаш, не ќе може да се обезбеди ниту хуманитарна помош“.

Канцеларката Меркел изјави дека Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка имаат големи должности да го спречат колапсот на финансискиот систем во Авганистан.

Германската канцеларка, исто така, вниманието го сврте на важноста на борбата против тероризмот и истакна дека Авганистан не треба да претставува закана за надворешниот свет.

 



Слични вести