САД испратија во Грција 15 воени авиони од типот „Ф-15“

Американските воздушни сили соопштија дека воените авиони „Ф-15 Страјк игл“ распоредени во различни бази во земјата се испратени во воздухопловната база на островот Лариса во Грција за учество на воената вежба „Castle Forge“

1718349
САД испратија во Грција 15 воени авиони од типот „Ф-15“

Соединетите Американски Држави (САД) испратија во Грција 15 воени авиони од типот „Ф-15“.

Американските воздушни сили соопштија дека воените авиони „Ф-15 Страјк игл“ распоредени во различни бази во земјата се испратени во воздухопловната база на островот Лариса во Грција за учество на воената вежба „Castle Forge“ (Изградба на тврдина) што ќе се реализира под водство на Командата на воздушните сили на САД во Европа и Африка.

Во соопштението се истакнува дека воената вежба „Castle Forge“ (Изградба на тврдина) е дизајнирана во правец на стратегијата на САД за колективна одбрана во регионот на Црното Море на начин што ќе ја зголеми можноста за заедничко функционирање со НАТО сојузниците и за развивање на способноста за давање на флексибилен одговор од страна на сојузницчките сили за време на криза.  

Се наведува дека испратените воени авиони Ф-15 во три групи најпрвин пристигнале во Велика Британија и оттаму полетале за Грција и дека на воената вежба освен САД ќе учествуваат и Романија, Бугарија, Грција и Канада. 

Во објавеното соопштение од страна на грчката армија пак, се истакнува дека испратените воени авиони од САД се наоѓаат во земјата „повеќе од воена вежба“.

Во соопштението на Генералштабот на Грција се истакнува дека американските воени авиони Ф-15 ќе реализираат вежба со грчката армија во однос на „тактиките за развиена одбрана и агресивно воздухопловство, воздушна поддршка со заеднички терминален контролер за напад (JTAC), воздушно војување, одбрана, офанзива врз копнени и поморски цели и офанзивна поддршка на флотата“. 

 



Слични вести