Путин, Макрон и Меркел разговараа телефонски за прашањето со Украина

Путин, Макрон и Меркел разговараа телефонски за кризата во источниот дел на Украина и притоа беше истакнато дека се чувствува загриженост од тоа што се доживува забавување во процесот за решавање на ова прашање

1718214
Путин, Макрон и Меркел разговараа телефонски за прашањето со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за прашањето со Украина.

Според објавеното соопштение од претседателскиот дворец на Русија Кремљ, Путин, Макрон и Меркел остварија телефонски разговор.

Во телефонскиот разговор беше разгледана кризата во источниот дел на Украина и притоа беше истакнато дека се чувствува загриженост од тоа што се доживува забавување во процесот за решавање на ова прашање.

Рускиот претседател Владимир Путин застана во одбрана на тоа дека властите во Украина не ги исполнуваат договорите во врска со прашањето.

Тројцата лидери, рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, во остварениот телефонски разговор го нагласија значењето од применување на договорите од Минск во 2015 година во врска со прашањето и дека се залагаат за воспоставување на координацијата во иднина во рамките на Форматот Нормандија.

 

 



Слични вести