На изборите во Ирак најголем број пратеници освои Групата Садр на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр

Групата Садр на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр ќе биде најбројната политичка партија во ирачкиот Парламент составен од 329 пратенички места и ќе е биде претставувана со 73 пратеници

1718114
На изборите во Ирак најголем број пратеници освои Групата Садр на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр

Според нецелосни и неофицијални резултати на одржаните предвремени парламентарни избори во Ирак во неделата, победи Групата Садр која освои 73 пратенички места во Парламентот.

Според вестите објавени од страна на ирачката официјална новинска агенција, Групата Садр на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр ќе биде најбројната политичка партија во ирачкиот Парламент составен од 329 пратенички места и ќе биде претставувана со 73 пратеници.

Втората голема политичка група во Парламентот ќе биде Партијата Такадум на чело со сунитскиот лидер и поранешен претседател на Парламентот Мухамед Халбуси, која освои 38 пратенички места.

На третото место пак, се наоѓа коалицијата Законска држава на поранешниот премиер Нури ел-Малики со 37 пратеници.

На предвремените парламентарни избори во Ирак коишто се одржаа по петти пат по американската окупација на оваа земја во 2003 година, е евидентиран најнизок процент на учество.

Според објавеното соопштение од страна на Високата изборна комисија на Ирак, излезеноста на изборите изнесува 41 отсто.

 

 



Слични вести