Во Татаристан во Русија се урна транспортен авион: Загинаа најмалку 16 лица

Според првични добиени информации, како резултат на уривањето на транспортен авион од типот „Л-410 Турболет“ кој превезувал 23 падобранци во Република Татаристан во составот на Русија, животите ги загубија најмалку 16 лица, а 7 лица се повредени

1717329
Во Татаристан во Русија се урна транспортен авион: Загинаа најмалку 16 лица

При уривање на транспортен авион од типот „Л-410 Турболет“ кој превезувал 23 падобранци во Република Татаристан во составот на Русија животите ги загубија најмалку 16 лица.

Според вестите објавени во рускиот печат повикувајќи се на функционери на руското Министерство за итни состојби, авионот кој во утринските часови од аеродромот во близина на градот Минзеле (Мензелинск) во Татаристан превезувал 23 лица од кои повеќето подобранци, се урнал кусо време по полетувањето.

Според првични добиени информации, како резултат на уривањето на авионот животите ги загубија најмалку 16 лица, а 7 лица се повредени.

На местото на уривањето на авионот се испратени екипи за пребарување и спасување.

Како што се истакнува авионот бил во сопственост на еден клуб за воздухопловство.



Слични вести