Во бомбашки напад за време на петочната молитва во џамија во Авганистан загинаа 46 лица

Дирекцијата за култура и информирање во Кундуз соопшти дека во бомбашки напад за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во една џамија на Шиитите во областа Сајед Абад во провинцијата Кундуз во Авганистан загинаа 46 лица

1717033
Во бомбашки напад за време на петочната молитва во џамија во Авганистан загинаа 46 лица

Во бомбашки напад за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во една џамија на Шиитите во областа Сајед Абад во провинцијата Кундуз во Авганистан животите ги загубија 46 лица.

Во објавеното соопштение од страна на Дирекцијата за култура и информирање во Кундуз се истакнува дека во експлозијата во џамијата загинаа 46 лица, а 143 лица се ранети.

Како што се вели, експлозијата била предизвикана од самоубиствен напад.

Во предтходно објавените соопштенија од страна на Болницата на Лекарите без граници во Кундуз и Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) беше истакнато дека бројот на загинатите и ранетите изнесува над 100 лица.

Според веста на британската новинска агенција „Ројтерс“, одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Во минатото одговорноста за повеќето од извршените напади врз Шиитите во Авганистан ја презеде терористичката организација ДЕАШ.    

 



Слични вести