ОН ја поздравија ратификацијата на Турција на Парискиот договор за климата

Гутереш : „Задоволен сум што Турција го ратификуваше Парискиот договор за климата и им се придружи на другите земји од Г20

1716695
ОН ја поздравија ратификацијата на Турција на Парискиот договор за климата

Обединетите нации (ОН) ја поздравија ратификацијата на Турција на Парискиот договор за климата.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на својот Твитер профил во врска со ратификацијата на договорот од страна на Турција објави порака.

Гутереш рече: „Задоволен сум што Турција го ратификуваше Парискиот договор за климата и им се придружи на другите земји од Г20. Очекувам Турција да достави национален акционен план за климата што е можно поскоро, во рамките на својата обврска за нулта емисија на штетни гасови до 2053 година“.

Според договорот, ОН сакаат земјите да ги намалат емисиите на стакленички гасови на нула ширум светот до 2050 година, со цел да ја исполнат целта за одржување на глобалната температура под 2 Целзиусови степени.



Слични вести