Американската подморница „УСС Конектикат“ во индо-пацифичкиот регион удри во непознат објект

За време на ударот немаше повредени чии животи се во опасност и дека нема сериозна штета на подморницата за брз напад од класата Сиволф

1716706
Американската подморница „УСС Конектикат“ во индо-пацифичкиот регион удри во непознат објект

Американската подморница „УСС Конектикат“ при спуштањето во индо-пацифичкиот регион удри во непознат објект.

Според соопштението на американската морнарица, подморницата „УСС Конектикат (SSN 22)“ работеше во меѓународните води во индо-пацифичкиот регион кога удри во објект при подводно спуштање попладне на 2 октомври“.

Во соопштението беше наведено дека за време на ударот немаше повредени чии животи се во опасност и дека нема сериозна штета на подморницата за брз напад од класата Сиволф.

„Подморницата е во безбедна и стабилна состојба. Нуклеарниот погон и полињата на УСС Конектикат не се оштетени и целосно функционираат. Се проценува степенот на оштетеност на остатокот од подморницата“, беше истакнато во соопштението.



Слични вести