Столтенберг: „Постои широк консензус за спречување на евентуалните несогласувања меѓу сојузниците“

Конфликтот меѓу САД и Франција не треба да создаде раскол во НАТО

1716509
Столтенберг: „Постои широк консензус за спречување на евентуалните несогласувања меѓу сојузниците“

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека постои широк консензус за спречување на евентуалните несогласувања меѓу сојузниците кои би можеле да предизвикаат раскол во алијансата и да и наштетат на соработката во рамките на НАТО.

Столтенберг, по состанокот одржан во седиштето на НАТО со учество на советниците за национална безбедност на Северноатлантскиот совет и механизмот за одлучување на НАТО даде изјава за печатот.

Јенс Столтенберг предупреди дека конфликтот САД-Франција што настана по одлуката на Австралија за купување подморници од Соединетите Американски Држави (САД) наместо Франција и договорот „АУКУС“ меѓу САД, Англија и Австралија, не треба да создаде раскол во НАТО.

Столтенберг рече: „Договорот АУКУС не е против ЕУ или НАТО. Постои широк консензус дека несогласувањата меѓу сојузниците не треба да доведат до раскол во сојузот и да наштетат на соработката во рамките на трансатлантската алијанса и НАТО. Морам да го повторам она што го кажав претходно. Го разбирам разочарувањето на Франција, но исто така сум уверен дека сојузниците ќе најдат излез“.

Нагласувајќи дека земјите од НАТО секогаш не гледаат исто на секое прашање, но исто така не треба да се занемари и „големата слика“, Столтенберг рече: „Во време на зголемена глобална конкуренција, Северна Америка и Европа мора да стојат заедно во рамките на НАТО. Безбедонсите тестови со кои се соочуваме се премногу големи за една земја или еден континент за да можат да се соочат сами“.

Од друга страна, одговарајќи на прашањето за вчерашното откажување на акредитацијата на 8 службеници од руската мисија во НАТО, Столтенберг рече дека одлуката не е поврзана со ниту еден настан.

Столтенберг рече: „Веќе некое време бележиме зголемување на злонамерните активности на Русија. Затоа, мора да бидеме будни. Се разбира, кога видовме дека членовите на руската делегација во НАТО работат надвор од дефинициите за акредитација, требаше да преземеме навремена акција. Акредитациите беа повлечени од оваа причина“.

Нагласувајќи дека односите меѓу НАТО и Русија паднаа на најлошото ниво од Студената војна, Столтенберг изјави дека како НАТО, ние сме отворени за значаен дијалог со Москва.

Столтенберг рече изрази подготвеност за повторно одржување состаноци на Советот НАТО-Русија, кои не се одржуваат две години и дека испратиле покана до Русија, на што московската администрација не пристапила позитивно.



Слични вести