Силен земјотрес во Пакистан: Најмалку 20 лица загинаа, голем број се повредени

Според првични добиени информации во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер во провинцијата Белуџистан во Пакистан животите ги загубија најмалку 20 лица од кои 6 деца, а повеќе од 300 лица се повредени

1716028
Силен земјотрес во Пакистан: Најмалку 20 лица загинаа, голем број се повредени

Во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер што изутринава ја погоди провинцијата Белуџистан во Пакистан, според првични добиени информации, животите ги загубија најмалку 20 лица од кои 6 деца, а повеќе од 300 лица се повредени.

Националниот центар за сеизмички надзор (NSMC) на Пакистан соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на областа Харнаи, на длабочина од 15 километри под површината на земјата.

Истиот центар истакна дека потресот се случил во 03:20 часот по локално време и бил почувствуван и во градовите Кета, Сиби, Пишин и Чаман.

Според вестите објавени во локалниот печат, во земјотресот животите ги загубија најмалку 200 лица од кои 6 деца, повеќе од 300 лица се повредени, а воедно се оштетени голем број куќи и во некои области дојде до лизгање на земјиштето.

Продолжуваат работите за пребарување и спасување во областите погодени од земјотресот.



Слични вести