Канадски политичар осуден на 18 месеци затвор поради навреда на муслимански бизнисмен

Судијата Фред Маерс, при објавувањето на својата одлука,  рече дека Џонстон е осуден за 6 дела на навреда, а не за неговите политички ставови

1714888
Канадски политичар осуден на 18 месеци затвор поради навреда на муслимански бизнисмен

Во Канада, политичарот Кевин Xонстон, кој на својата веб-страница и профили на социјалните медиуми, го нападна Мохамед Факих, сопственикoт на ланецoт ресторани „халал“, беше осуден на 18 месеци затвор.

Џонстон, кој беше кандидат за градоначалник во Калгари, во 2019 година за говорот на омраза против Мохамед Факих, што го започна во 2017 година, беше казнет со 2,5 милиони долари.

На судската седница на која беше изречена паричната казна, исто така беше одлучено дека Џонстон „никогаш повеќе да не изндесува говор на омраза за Мухамед Факих и исламската религија“.

По продолжувањето на говорот на омраза на канадскиот политичар, судијата на Врховниот суд во Онтарио, Фред Маерс, повторно му се обрати на Кевин Џонстон.

Судијата Маерс го осуди Џонстон на 18 месеци затвор, заклучувајќи дека го прекршил претходниот судски налог во врска со говорот на омраза користејќи ги термините „терорист“ и „убиец на бебиња“ за Факих.

Со судската пресуда, исто така беше пресудено на Џонстон да му се дозволи да се врати во Онтарио на 4 јануари 2022 година и да оди во затвор за да ја отслужи казната од тој датум.

Судијата Фред Маерс, при објавувањето на својата одлука,  рече дека Џонстон е осуден за 6 дела на навреда, а не за неговите политички ставови.



Слични вести