Американскиот државен секретар Блинкен во посета на Франција

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во Париз се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, неговиот светник Емануел Боне и со министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан

1715242
Американскиот државен секретар Блинкен во посета на Франција

Американскиот државен секретар Антони Блинкен кој отпатува во посета на Париз овде оствари низа средби и разговори меѓу кои и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Во објавеното соопштение од Белата куќа, на дневен ред на на средбата беше поставена можноста за продлабочување и зајакнување на соработката помеѓу двете земји и беше истакнато дека тоа би можело да се направи особено по прашањата на соработката меѓу Европската унија (ЕУ) и НАТО, областа Сахел во Африка и индиско-пацифичкиот регион.

Во соопштението се вели дека остварената средба помеѓу Макрон и Блинкен ќе придонесе за воспоставување на довербата помеѓу Франција и Соединетите Американски Држави (САД).

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Антони Блинкен на својот профил на Твитер истакна дека остварил значајна средба со францускиот претседател Емануел Макрон и со неговиот советник Емануел Боне.

Велејќи дека било разговарано за заедничките безбедносни интереси во врска со Европа, областа Сахел во Африка и Авганистан, Блинкен информира дека САД се нетрпеливи по прашањето на развојот на билатералните односи со Франција.

Блинкен исто така истакна дека се состанал и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и дека на оваа средба биле разгледани прашања посветени на заедничките економски развој и индиско-пацифичкиот регион, областа Сахел и Авганистан.



Слични вести