2 од 3 муслимани во САД најмалку еднаш биле изложени на исламофобиско однесување

93,7 отсто од испитаниците изјавиле дека исламофобијата во американското општество генерално влијае на нивното емоционално и ментално здравје

1712612
2 од 3 муслимани во САД најмалку еднаш биле изложени на исламофобиско однесување

2 од 3 муслимани кои живеат во САД, најмалку еднаш во својот живот биле изложени на исламофобиско однесување.

Во анкетата спроведена од Беркли Институтот за маргинилизирани лица и припадност на Универзитетот во Калифорнија, 67,5 отсто од муслиманските испитаници изјавиле дека барем еднаш во животот биле изложени на исламофобиски пристап.

Иако оваа стапка кај муслиманките се искачи на 76,7 отсто, беше забележано дека 58,6 отсто од муслиманските мажи биле изложени на исламофобиски пристап.

93,7 отсто од испитаниците изјавиле дека исламофобијата во американското општество генерално влијае на нивното емоционално и ментално здравје.

Во анкетата, приближно 33 отсто од испитаниците изјавиле дека се обиделе да го сокријат својот верски идентитет во некои моменти за да не бидат изложени на исламофобиски акти, додека 88,2 осто изјавиле дека избегнуваат одредени говори и дејствија поради стравот да не се соочат со реакции.

Во анкетата учествуваа 1.123 муслимани од сите етнички групи и возрасти кои живеат во Соединетите Американски Држави, од кои половина беа жени.

Според претпоставките, во САД живеат околу 3,5 милиони муслимани.



Слични вести