Белата куќа го демантираше соопштението на Пентагон

Генералот Марк Мили рече: „„Спротивно на тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден, тој и другите команданти на администрацијата и препорачаа да остави 2.500 војници во Авганистан, кој предлог не беше прифатен“

1712086
Белата куќа го демантираше соопштението на Пентагон

 

Белата куќа го демантираше соопштението на Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) (Пентагон) дека „Препорачавме распоредување војници во Авганистан“.

Генералот Марк Мили, началник на Здружениот американски генералштаб, вчера во Комитетот на вооружените сили на Сенатот присуствуваше на седницата за процесот на повлекување од Авганистан, велејќи: „Спротивно на тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден, тој и другите команданти на администрацијата и препорачаа да остави 2.500 војници во Авганистан, кој предлог не беше прифатен. Поради што веднаш по овој настан од Белата куќа беше објавено сопштение.

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, преку својот Твитер профил, го објави постот, осврнувајќи се на интервјуто што Бајден го даде за Еј-Би-Си на 19 август за време на процесот на повлекувањето од Авганистан:

„Како што рече Бајден во неговото интервју за ABC, прекинот на војната во Авганистан беше во наш национален интерес. Бајден рече дека советите за ова се различни, но високите воени советници рекоа дека оставањето на 2.500 војници во Авганистан поради договорот на претходната администрација значи ескалација. Секретарот за одбрана, началникот на Генералштабот и генералот (Кенет) Мекензи (командант на Централните сили на САД-ЦЕНТКОМ), исто така, го истакнаа тоа“.

На прашањето: „Вашите високи воени советници ве советуваа за времето на повлекување, ве замолија да оставите 2.500 војници таму, дали е тоа точно?“, Бајден во интервју за АБЦ на 19 август рече: "Не, немаше такво нешто. Имаше дивергенција по ова прашање, но ова не е точно“.



Слични вести