Тајфунот Миндул напредува кон Јапонија

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) издаде предупредување за тајфунот Миндул кој се движи во Филипинското Море и оттука се усмери кон островот Окинотори-шима во јужните делови на земјата

1711295
Тајфунот Миндул напредува кон Јапонија

Како што е соопштено тајфунот Миндул кој се појави во Тихиот Океан (Пацифик) и зголемувајќи ја својата сила продолжува да се движи кон Јапонија.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) издаде предупредување за тајфунот Миндул кој се движи во Филипинското Море и оттука се усмери кон островот Окинотори-шима во јужните делови на земјата.

Според прогнозите на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) тајфунот се движи со брзина од 180 километри на час и џиновските бранови високи 6-8 метри се очекува да го погодат островот Окинава.

Тајфунот ќе го зафати островскиот регион во текот на два дена и потоа движејќи се кон североисток на 1 октомври се очекува да се доближи до островите Изу во близина на главниот град Токио.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) воедно информира дека тајфунот Миндул ќе донесе силни ветрови, бура, високи бранови и силни врнежи од дожд во јужните и југоисточните делови на Јапонија.



Слични вести