Работничката партија на Велика Британија го одобри предлогот за санкции врз Израел

Главната опозициска Работничка партија во Велика Британија го прифати предлогот во кој се истакнува дека Израел применува режим на расна дискриминација кој се дефинира како Апартхејд, врз палестинскиот народ

1711348
Работничката партија на Велика Британија го одобри предлогот за санкции врз Израел

Работничката партија на Велика Британија го одобри предлогот со кој се поддржува спроведувањето на санкции врз Израел.

Главната опозициска Работничка партија во Велика Британија го прифати предлогот во кој се истакнува дека Израел применува режим на расна дискриминација кој се дефинира како Апартхејд, врз палестинскиот народ.

Во предлогот се поддржуваат санкциите против Израел и се упатува повик до Велика Британија да ја прекине трговијата на оружје со Израел.

Освен тоа, во предлогот  се осудуваат нападите на Израел против Палестинците и се бара да завршат окупацијата на Западниот Брег и блокадата на Газа.

Во предлогот исто така се упатува повик да се прекине и трговијата со незаконските населби на окупираните палестински територии.

Предлогот нема обврзувачко својство за лидерството на Работничката партија на Велика Британија.



Слични вести