Во градот Терхуне во Либија пронајдени уште две масовни гробници

Во градот Терхуне во Либија кој во јуни 2020 година беше ослободен од милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата Халифа Хафтар, се пронајдени уште две масовни гробници

1710930
Во градот Терхуне во Либија пронајдени уште две масовни гробници

Како што се истакнува во градот Терхуне во Либија кој во јуни 2020 година беше ослободен од милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата Халифа Хафтар, се пронајдени уште две масовни гробници.

Во објавеното писмено соопштение од Институцијата за истражување и идентификација на исчезнатите лица при Владата на Либија се споделени најновите случувања во врска со ископувањата коишто се реализираат во градот Терхуне, североисточно од главниот град Триполи.

Во соопштението се вели дека екипите пронашле уште две масовни гробници и дека пронајдените мртви тела во масовните гробници ќе бидат извадени во понеделник (денеска).

За масовните гробници во градот се смета за одговорна милициската група позната по името „Канијат“ лојална на Халифа Хафтар.



Слични вести