Парламентарни избори во Германија за новиот состав на Бундестагот

Со повлекувањето на германската канцеларка Ангела Меркел од политичката сцена која 16 години се наоѓа на власт, во земјата ќе започне нов период

1710519
Парламентарни избори во Германија за новиот состав на Бундестагот

Денеска во Германија се одржуваат парламентарни избори за 20-от состав на Федералниот Парламенто, Бундестагот.

Со повлекувањето на германската канцеларка Ангела Меркел од политичката сцена во земјата ќе започне нов период.

На изборите учествуваат 47 партии, а право на глас имаат приближно 60 милиони 4 илјади бирачи.

За пратеници се натпреваруваат 6.211 кандидати, а во 16 покраини поставени се 85.000 гласачки кутии во 299 изборни единици.

Се очекува бројот на пратеници во Бундестагот, во кој има 709 пратеници, да се зголеми уште повеќе поради различната имплементација во изборниот систем.

На изборите во Германија учествуваат и 109 кандидати за пратеници од турско потекло од кои се очекува околу 20-тина да влезат во Парламентот.

На овие избори за прв пат ќе гласаат 2,8 милиони гласачи. Од вкупниот број избирачи, 31,2 милиони се жени, а 29,2 милиони се мажи.

Додека 21,3 отсто од гласачите се постари од 70 години, стапката на гласачи под 30-годишна возраст изнесува 14,4 отсто.

Се очекува на овие избори да се зголеми бројот на избирачи што ќе гласаат по пошта, при што се проценува дека најмалку 40 отсто од гласачите ќе го искористат тоа право.

На изборите, на кои не се кандидираше актуелната канцеларка Ангела Меркел, која 16 години е на власт, за нов канцелар на Германија се натпреваруваат тројца кандидати.

Кандидати за премиер на Германија се Армин Лашет (60), шеф на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Олаф Шолц (63), кандидат на Социјалдемократската партија (SPD) и актуелен министер за финансии и Аналена Баербок (40), кандидатка на Партијата на зелените и партиски копретседавач.

Според анкетите, се очекува трката за победник на изборите да биде помеѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД.

На претходните избори во 2017 година, ЦДУ/ЦСУ освои 32,9 отсто од гласовите, СПД 20,5 отсто, АфД 12,6 отсто, ФДП 10,7 отсто, Партијата на левицата 9,2 отсто и Зелените 8,9 отсто од гласовите.

 

 

 



Слични вести