Саудиска Арабија сруши уште едно беспилотно летало на Хусите кое било натоварено со бомби

Во објавеното соопштение на коалиционите сили објавено од страна на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија „СПА“ се истакнува Саудиска Арабија сруши уште едно беспилотно летало на Хусите кое било натоварено со бомби

1709453
Саудиска Арабија сруши уште едно беспилотно летало на Хусите кое било натоварено со бомби

Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија соопшти дека е соборено уште едно беспилотно летало кое од страна на Хусите поддржани од Иран било испратено во Саудиска Арабија и кое носело бомби.

Во објавеното соопштение на коалиционите сили објавено од страна на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија „СПА“ се истакнува дека од страна на противвоздушно одбранбениот систем на Саудиска Арабија е срушено уште едно наоружано беспилотно летало натоварено со бомби кое од страна на милициските сили на Хусите било испратено во областа Хамис Мушајт во југозападниот дел на земјата.

Во соопштението се вели дека ќе продолжат да се преземаат неопходните мерки за заштита на цивилите.

Од страна на Хусите засега не е објавено одредено соопштение во врска со ова прашање.

Во слично соопштение коешто беше објавено вчера исто така беше истакнато дека се неутрализирани уште две беспилотни летала натоварени со бомби коишто биле испратени од страна на Хусите во истоимената област. 

Инаку, Хусите поддржани од Иран често извршуваат напади со балистички ракети и беспилотни летала врз јужните области на Саудиска Арабија.



Слични вести