Татар најави средба со генералниот секретар на ОН Гутерес на 25 септември во Њујорк

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар најави средба со генералниот секретар на ОН Гутерес на 25 септември во Њујорк

1709112
Татар најави средба со генералниот секретар на ОН Гутерес на 25 септември во Њујорк

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар кој престојува во работна посета во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) и за одржување средба со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, во објавеното соопштение на својот профил преку социјалната медија истакна дека вчера во Њујорк започнаа состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Татар информира дека на церемонијата на свеченото отворање на зградата на „Турскиот дом“ (Туркеви) во Њујорк остварил куса средба со генералниот секретар на ОН Гутерес, а воедно соопшти дека со него ќе се состанат на 25 септември.

Тој рече: „Во сабота ќе се состанам на билатерална средба со генералниот секретар. Во понеделник пак, на ручекот што ќе биде приреден од страна на генералниот секретар (Антонио Гутерес) ќе остварам средба со кипарско-грчкиот лидер Никос Анастасиадис.“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека во Њујорк ќе оствари средби и со претставниците на земјите, меѓународните организации и со претставниците на информативните гласила кои престојуваат овде по повод состаноците на 76. сесија на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН).  

 



Слични вести